Екипата на Јувентус и актуелниот тренер Лучијано Спалети си подадоа рака за нов договор. Официјалното продолжување на соработката треба да се официјализира до крајот на оваа недела, односно пред мечот со Аталанта кој се игра во сабота.
Според новиот договор, Спалети ќе го води Јувентус најмалку до 2028 година. Тој дојде на кормилото во октомври минатата година на местото на Игор Тудор, и потпиша договор до крајот на оваа сезона.
Според информациите, Спалети ќе заработува годишна плата помеѓу 5 и 6 милиони евра, плус бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

