Искусниот менаџер од Премиер лигата, Шон Дајч, категорично ги негираше гласините што го поврзуваат со испразнетото тренерско место во Тотенхем. Англискиот специјалист гарантираше дека клубот никогаш не го контактирал и дека под никакви околности нема да прифати таква понуда. На крајот, раководството на Тотенхем го избра Роберто де Зерби за наследник на Игор Тудор.
Шпекулациите околу името на Дајч се појавија веднаш по заминувањето на Игор Тудор. Тотенхем моментално е во исклучително деликатна ситуација – тимот е само еден бод и едно место над зоната за испаѓање, а до крајот на сезоната остануваат само седум натпревари. 54-годишниот стратег е слободен агент откако во февруари беше отпуштен од Нотингем Форест – уште еден тим кој води тешка битка за опстанок.
„Поминувам многу време во Лондон, но поради пријателите. Бев таму токму кога тренерското место на Тотенхем беше празно. И, кога си во градот луѓето веднаш си поврзуваат. Но, јас никогаш не верувам во гласините. Да ја кажам вистината – имаше многу шпекулации и разговори. Не би отишол таму само поради парите. Можеа да ми понудат и огромна сума, но прашањето е како ќе ми помогнете да се развивам? Што би добил: И сите пари на светот не би ме убедиле да одам во Тотенхем“, рече Дајч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

