ЛЕ: Брага поведе со гол со „петица“, Бетис израмни од пенал (ВИДЕО)

Екипите на Брага и на Бетис одиграа нерешено 1-1 во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на Европа, пред реваншот во Севиља кој се игра идната седмица.

Грилич го донесе тимот на Брага во предност по асистенција на Родригез. Од корнер нафрли Родригез до Грилич кој со петица го совлада Пау Лопез за предност на домашните. 

Кучо Хернандез во 61. минута со гол од белата точка успеа да израмни. Гостинскиот играч шутираше прецизно во горниот десен агол и го израмни резултатот, кој беше конечен.

Се вчитува...