Слабо прво полувреме во Битола: Само една сериозна шанса на Вардар

Пелистер и Вардар играа без голови по првиот дел на дерби пресметката во Битола. Мечот не изобилуваше ниту со многу шанси, а играта главно на средината на теренот.

Главните закани дојдоа од гостите. Николов во 7. минута, и Кастањеда во 30. минута ги имаа најсериозните шанси. Првиот шутираше само покрај голот, додека обидот на Аргентинецот одлично го одбрани Јовчевски.

Пелистер речиси и да не се закани по голот на Талески во првиот дел.

Се вчитува...