Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана ќе биде продаден во летниот преоден рок, откако тимот од „Олд Трафорд“ нема намера да му го продолжи престојот во клубот. Онана во моментов настапува како позајмен во Трабзонспор, и изрази желба да се врати и да се бори за место во екипата, меѓутоа од Јунајтед имаат други намери.
Онана дојде од Интер како големо засилување, но не ги оправда очекувањата, па така клубот сега планира да го стави на трансфер листа. Јунајтед сигурно ќе биде во загуба, затоа што нема шанси да го продаде за сумата за која го купи во 2023 година – 50 милиони евра.
Според проценките, Онана во моментов вреди околу 15 милиони евра, а пред неколку недели се појави шпекулација за можно враќање во Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

