Партизан се избори за продолжение, но Анадолу Ефес им ја прекина триумфалната серија

Кошаркарите на Партизан „прокоцкаа“ предност од +13 на гостувањето во Истанбул кај Анадолу Ефес, и на крајот загубија по продолженија во драматична завршница со 79-72, со што беше ставен крај на нивната серија на победи во Евролигата.

Анадолу Ефес замина со предност по првата четвртина со 15-13, меѓутоа во вториот период целосна „рапсодија“ на српскиот тим кој го доби периодот со 23-9, и така на полувреме замина со предност од 12 поени.

Турскиот тим се врати во третиот период, и намали од разликата, за во последниот да дојде и до прва предност после долго време 56-55. Партизан одново се врати во предност, но откако застана на 60 поени, следуваше серија на Анадолу за да дојдат одново до предност. Се менуваа во водство и двата тима, а потоа заврши нерешено 65-65.

Во продолженијата веднаш серија на Анадолу Ефес од 7-0, по која веќе немаше враќање за Партизан.

Монако на свој терен ја доби француската пресметка со 81-76. Клучни беа втората и третата четвртина, кога домашниот тим се стекна со предност од +15, од која гостите не се вратија.

Се вчитува...