Денвер со 10 победа во низа (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс ја забележаа 10 победа во низа во НБА лигата откако синоќа славеа на домашен терен против Мемфис гризлис со убедливи 136-119.

Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл со 14 поени, 16 скина и 10 асистенции. Кај поразените недоволни беа 26 поени на Седрик Кауард.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Атланта 122-116, Орландо – Минесота 132-120, Детроит – Милвоки 137-111, Сан Антонио – Портланд 112-101, ЛА Клиперс – Оклахома 110-128 и Феникс – Далас 112-107.

Се вчитува...