Фудбалерите на Ливерпул загубија на гостувањето кај Пари Сен Жермен со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот по мечот имаше интересна изјава.
Само пред неколку дена, по тешкиот пораз од Манчестер Сити во ФА Купот со 4-0, тој рече дека е добро што не примиле повеќе голови, а синоќа имаше скоро па идентична изјава.
„Ако го анализирате целиот натпревар, мислам дека имавме среќа што загубивме само со два гола разлика. На крајот на краиштата, мислам дека е добро што сè уште сме во игра, сите знаеме што може да претставува Енфилд за нас во реваншот“, рече Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

