Верувале или не: УФЦ спектаклот доаѓа во Србија

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт потврди дека ќе организира настан во Србија.

ММА во моментов е најбрзо растечкиот спорт на планетата и милиони луѓе низ целиот свет со нетрпение ги следат борбите на оваа организација од викенд до викенд. Секој одамна знае дека елитни таленти доаѓаат во УФЦ и се натпреваруваат со најдобрите во светот.

УФЦ ретко доаѓа во Европа, но сега е многу блиску до договор со Србија, а сето тоа го потврди првиот човек Дана Вајт.

„Продолжуваме да склучуваме договори низ целиот свет, ќе патуваме повеќе. Нов договор со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, одиме и во Србија…“ рече Вајт.

Се вчитува...