„Мајкл Керик е вистинскиот човек за Манчестер јунајтед“

Мајкл Карик се приклучи на Манчестер Јунајтед по заминувањето на Рубен Аморим, но сè уште нема индикации за продолжување на соработката.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“, Амад Диало нема сомнение дека би сакал да продолжи да работи со поранешниот играч од средниот ред на овој клуб.

„Мислам дека тој е вистинскиот човек за оваа работа. Има огромно искуство, го познава клубот совршено и едноставно ја има таа победничка ДНК на Јунајтед. Неговиот однос со секој поединец во соблекувалната е извонреден. Понекогаш тренер како овој може да го врати клубот таму каде што припаѓа“, рече Диало.

Се вчитува...