Иако Шкупи и математички веќе е дел од Првата фудбалска лига на Македонија – дури и пред одигрувањето на натпреварот од 26-тото коло во елитата – тоа не ги обесхрабрува младите фудбалери. Напротив, тие влегуваат во секој дуел со максимален ангажман за да го извлечат најдоброто од себе.
Ваков став сподели и младиот фудбалер Венис Кока, кој потврди дека тој и неговите соиграчи ќе го дадат својот максимум против фаворизираниот тим на Струга Трим Лум.
„Ќе се бориме за секоја топка и за секој момент од играта. Знаеме дека нè очекува тежок предизвик, но напорно работевме и веруваме во себе“, изјави меѓу другото Кока.
Шкупи сè уште ја чека својата прва победа оваа сезона, но историјата на дуелите со Струга Трим Лум е на страната на тимот од Чаир. Шкупи досега има 8 победи, додека екипата на Струга Трим Лум триумфирала на 7 дуели. Шест натпревари завршиле без победник.
Натпреварот помеѓу Струга Трим Лум и Шкупи ќе се одигра денеска на стадионот во Струга, со почеток во 15:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

