Во Првата македонска фудбалска лига денеска се играат последните два натпревари од 26. коло. На стадионот во Ѓорче Петров, Македонија ЃП го пречекува Арсими во дуел кој директно решава за опстанокот во елитното друштво.
Искусниот чувар на мрежата Ристе Јанков смета дека ова е само уште еден важен меч, но не и финале на сезоната.
„Не би рекол дека е финале за нас. Важен меч за Македонија ЃП како и секој друг. Битни бодови како за нас така и за Арсими битката за опстанок во прва лига. Искрено се надевам дека нештата во Македонија ЃП наскоро ќе се средат и овој клуб ќе застане на здрави нозе. Ќе биде конкурент за највисок пласман како некогаш“, изјави Ристе Јанков.
Во моментов Македонија ЃП има 23 бода и на табелата е на претпоследната позиција додека Арсими е во нешто подобра ситуација и е деветти со 29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

