Поранешниот играч на Арсенал, Емануел Пети боруваше за лошата состојба на клубовите од Премиер лигата оваа сезона по поразот на Ливерпул од ПСЖ со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите .
Пети, кој беше дел од Арсенал од 1997 до 2000, а потоа и во Челси од 2001 до 2004 година, кажа дека оваа сезона клубовите од Англија играат лошо во Лигата на шампионите.
„Сите се согласуваме дека ПСЖ беше многу подобар од Ливерпул. Исто и Челси беше многу лош против ПСЖ. Со ова се потврдува она кое го велам долго време – Премиерлигата оваа сезона е ужасна. Дури и победата на Арсенал над Спортинг е здодевна и не е добра“, рече Пети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

