Иако Барселона беше поразена со 2:0 од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, тренерот на каталонскиот тим, Ханси Флик, е убеден дека неговиот тим има сила да направи голем пресврт.
Барселона ќе мора да го брка дефицитот во реваншот, но Флик не ја губи вербата.
„Создадовме многу добри шанси. Тие играа добро, но ние нема да се предадеме“, рече германскиот стручњак по натпреварот.
Тој особено ја нагласи реакцијата на тимот откако остана со еден играч помалку.
„Веруваме во себе. Игравме добро дури и со десет играчи. Не беше лесно да се одбраниме против нив, но имавме свои шанси и ќе ги имаме повторно. Позитивни сме и ќе дадеме се од себе“, додаде Флик.
Анализирајќи ги примените голови, тренерот на Барселона не криеше дека има простор за подобра реакција.
„Постигнаа два гола затоа што имаат квалитет. На првиот гол, мораше подобро да реагираме во одбраната“, истакна тој.
Сепак, голем дел од конференцијата беше поминат во коментирање на спорни ситуации и судења. Флик беше особено незадоволен од одлуката за исклучување на младиот дефанзивец.
„Црвениот картон за Кубарси можеше да биде досуден, но не мора. Не сум сигурен дека беше поради исклучување, топката беше зад него“, рече тренерот на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

