Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, ги негираше информациите за финансиски барања од италијанските репрезентативци.
Претходно се појавија информации дека италијанските репрезентативци бараат бонус од 300.000 евра за квалификациите за Светското првенство во 2026 година, но селекторот Џенаро Гатузо ги убедил играчите дека за ова треба да се разговара по финалето против Босна и Херцеговина, кое Италија го загуби.
„Тие пишувања навистина ме повредија. Како капитен никогаш не сум побарал од федерацијата ниту едно евро. Секогаш се даваат бонусидоколку играчите се квалификуваат, но никој ништо не побара од федерацијата. Нашиот подарок ќе беше патување на Светско првенство, но тоа не се случи. “, рече Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

