Селекторот на женската репрезентација, Александар Андов го соопшти списокот на фудбалерки кои ќе бидат во комбинација за настап во квалификациските натпревари против Унгарија.
Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 23 фудбалерки кои во следниве денови ќе се подготвуваат во Охрид. Собирот е закажан за 10 април во Охрид.
Првиот натпревар македонската репрезентација е на програмата на 14 овој месец во Битола, а почетокот на дуелот на стадионот Петар Милошевски е закажан за 16 часот. Вториот меч е на 18. април во Унгарија.
ГОЛМАНКИ
Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје), Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера), Берна Кабачки (Холандија)
ОДБРАНА
Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера), Ане Бошевска (ЖФК Тиверија-Брера), Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера), Мила Панева (ЖФК Скопје 2014), Елена Паневска (Словенија), Ива Јовановска (ЖФК Љуботен), Катерина Петкова (ЖФК Спартак Суботица), 11 Рабија Дервиши (ЖФК Скопје), Лора Сулејмани (Франција)
СРЕДЕН РЕД
Теона Галабовска (ЖФК Тиверија-Брера), Билјана Паневска (ЖФК Тиверија-Брера), Хава Мустафа (ЖФК Љуботен), Александра Марковска (ЖФК Љуботен), Ева Величковска (ЖФК Љуботен), Мелани Цветковиќ (ЖФК Цирих), Бојана Петкова (Полска), Шкипе Салији (Ст. Хеисен, Германија)
НАПАД
Јована Павловска (ЖФК АС Јунатед), Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен), Илза Максути (ЖФК Љуботен)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

