Екипата на Милан почна со креирање на тимот за следната сезона, а приоритет за раководството ќе биде носење на класичен напаѓач, откако сезонава шансите за Скудето се сведени на минимум, а една од причините е токму немање на врвен голгетер.
Големите инвестици иво Кристофер Нкунку и Сантијаго Хименез не го донесоа посакуваниот ефект, па можно е нивно заминување. Исто така и за Никлас Филкруг е на излезна врата од „Сан Сиро“ откако дојде како позајмен, но нема да биде откупен неговиот договор од Вест Хем.
Затоа, фокусот е на ангажирање на нов напаѓач кој веднаш би донел голови. Меѓу споменуваните имиња се Моиз Кин и Душан Влаховиќ, но обете опции се финансиски тешки. Роберт Левандовски, чиј статус во Барселона сè уште не е целосно дефиниран, исто така се појавува како потенцијално изненадување.
Скратениот список вклучува и пореални цели.
Милан ја разгледува можноста за потпишување на договорот со Николас Џексон, кој би можел да го напушти Челзи по враќањето од Баерн, додека Матео Ретеги и Дарвин Нуњез се споменуваат како опции, иако двајцата моментално имаат профитабилни договори во Саудиска Арабија. Јувентус, исто така, покажува интерес за уругвајскиот напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

