На двата последни натпревари од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига, водат гостите. Во Струга, Струга ТЛ како гостин има предност над Шкупи, додека Арсими со водство заминува во паузата на полувремето.
Христијан Малески во 27. минута од средбата успеа со глава да го совлада голманот на Шкупи и да донесе предност. Истиот играч во финишот од првиот дел промаши пенал, односно голманот на Шкупи, Муслиу му го одбрани обидот.
Арсими во 29. минута поведе во мечот со Македонија ЃП. Гафури испрати долга топка до Јусуфи, кој излезе во одлична позиција и со волеј го совлада Јанков. Иако судиите првично сигнализираа офсајд, сепак, по прегледување на ВАР снимката, голот беше признат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

