Борусија Дортмунд донесе одлука околу иднината на Нико Ковач

Второпласираниот тим на табелата во Бундеслигата, Борусија Дортмунд донесе одлука околу иднината на тренерот Нико Ковач. Хрватот има договор со Борусија до 2027 година, и од таборот на „милионерите“ нема никаква дилема дека ќе остане и идната сезона на клупата на тимот, и покрај шпекулациите дека може да си замине.

Борусија во моментов е второпласирана екипа во Бундеслигата, и веројатно сезоната ќе ја заврши без трофеј, со оглед дека веќе е надвор од Купот на Германија, а беше елиминирана и од Лигата на шампионите од Аталанта во плеј-офот.

Ковач дојде во Дортмунд во февруари минатата година. Со тимот веднаш дојде до пласман во Лигата на шампионите освојувајќи ја четвртата позиција, и покрај тоа што беше во тешко заостанување.

Претходно Ковач беше тренер на Волфсбург, Монако, Баерн Минхен, Ајнтрахт Франкфурт, а беше селектор на Хрватска како на сениорите, така и на младинската селекција.

Се вчитува...