Арсими го освои Ѓорче Петров, Струга ТЛ со лесни три против Шкупи (ВИДЕО)

Екипата на Арсими освои важни бодови за опстанок во ПМФЛ. Тимот од Чегране попладнево ги „грабна“ трите бода од гостувањето во Ѓорче Петров и направи огромен чекор кон опстанокот, а од друга страна ѓорчепетровци, пак, ќе стравуваат за останувањето во прволигашката конкуренција.

Стрелец на голто вреден победа беше Јусуфи во 29. минута. Долга топка беше упатена кон него, а тој со волеј успеа да го совлада Јанков и да донесе предност.

Најсериозната прилика за нов гол ја имаа повторно гостите, откако Сикиру Олатинбосун ја погоди пречката во 85. минута.

Струга ТЛ со лесни 0-3 ја совлада екипата на Шкупи во натпревар од 26. коло. Свое шоу имаше Христијан Малески кој постигна два гола, а промаши и пенал за поубедлива победа.

Првиот гол Малески го постигна во 27. минута откако по центаршут од десната страна, со глава ја  смести топката во мрежата на Шкупи. Тоа беше резултат на полувремето.

Во вториот дел во 51. минута Рочи постигна гол. Со шут од 20 метри ја смести во долниот лев агол.

Три минути подоцна Струга ТЛ го реши прашањето околу победникот, откако Малески со нога стрелаше прецизно во голот по асистенција на Рочи.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...