Синер и Алкараз во четвртфиналето во Монте Карло

Италијанскиот тенисер Јаник Синер направи значаен чекор кон преземање на првото место на АТП листата, стигнувајќи до четвртфиналето на турнирот во Монте Карло откако го победи Томас Мачак, во три сета со 6-1, 6-7, 6-3.

Овој резултат дополнително го доближи Синер до првата позиција на АТП листата, од која моментално заостанува само 90 поени.

Сепак, Карлос Алкараз го спречи овој напад на тронот со пласманот во четвртфиналето и победата над Аргентинецот Томас Мартин Ечевери со 6-1, 4-6, 6-3.

Во четвртфиналето на Монте Карло, Синер треба да игра против Феликс Оже Алиасим, а доколку го елиминира Канаѓанецот, може директно да влијае Новак Ѓоковиќ да го задржи четвртото место на светската ранг-листа.

Се вчитува...