Белградска „Маракана“ вечерва сведок на историски моменти. Александар Катаи стана втор најдобар стрелец на Црвена Звезда во историјата откако постигна два гола во победата од 3-2 над Спартак Суботица.
Црвена Звезда ита кон нова шампионска титула, а сето тоа успешно го управува на теренот Александар Катаи. Од вечерва, тој е втор најдобар стрелец во историјата на белградскиот клуб.
Катаи постигна два гола против Спартак Суботица. Тој стигна до бројката од 156 гола и го престигна легендарниот Драган Џајиќ. Само Бора Костиќ е пред него со 230 гола, иако оваа бројка е веројатно уште поголема.
Црвена Звезда е убедливо прва на табелата во Суперлигата со 75 бода и прославата на деветтата едноподруго шампионска титула на Србија е многу блиску.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

