Олимпијакос на праг да го „печатира“ првото место во Евролигата, Фенер загуби од Реал

Кошаркарите на Олимпијакос славеа на гости против Хапоел со 89-85 во 37. коло од Евролигата.

Уште еден неверојатен дуел одигра Тајлер Дорси, кој повторно беше најефикасен во победата на својот тим. Сега постигна 22 поени, додека Алек Питерс постигна 11 поени, а Саша Везенков постигна само десет поени. Никола Милутинов го заврши натпреварот со девет поени.

Василије Мициќ постигна 14 поени во дресот на Хапоел, а Блекни беше најефикасен со 16 поени.

По овој триумф, Олимпијакос се зацврсти на првото место на табелата со 25 победи, што е сега за две победа повеќе од Фенербахче кој пред своите навивачи загуби од Реал Мадрид со 69-74.

Од друга страна, тимот на Хапоел, по овој пораз, ја загуби предноста на домашен терен во плејофот на Евролигата.

Интересно, со оглед на тоа што Хапоел своите натпревари во Евролигата ги игра во Софија, Саша Везенков, за првпат во својата играчка кариера одигра натпревар од Евролигата во својата земја.

Се вчитува...