Нова супер-партија на Димитријевиќ – Одмазднички против својот поранешен клуб!

По извонредната своја партија на претходниот натпревар на Баерн Минхен во победата над Виртус во Болоња, уште еден супер-натпревар за македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ во Евролигата.

Димитријевиќ повторно беше еден од предводниците на својот тим, и повторно во Италија, овој пат за победа на Баерн од 84-94 против својот поранешен клуб Олимпија Милано, каде и не доби шанса согласно очекувањата и заслуженото.

Македонскиот кошаркар беше втор стрелец на мечот вечерва во Милано со 15 поени, е дополнети и со четири асистенции и четири скока. Поефикасен од него беше само Обст со 19 поени.

Во поразениот тим најефикасен беше Шилдс со 14 поени.

Се вчитува...