Порто и Нотинген Форест одиграа без победник, 1-1, на синоќешниот прв четвртфинален натпревар во Лигата на Европа, на кој беше виден и автогол како се гледа еднаш на 100 години.
Веќе во 11. минута, домашните поведоа со голот на Вилијам Гомес по асистенција на Габрије Веига.
Но, само две минути потоа, Нотингем Форест израмни, и тоа на каков начин. Мартим Фернандес ја прими топката од соиграч речиси на центарот од теренот, и се обиде да ја врати од таа далечина до својот голман.
Сепак, тој го „надмудри“ својот голман и постигна автогол што се гледа еднаш на 100 години.
Бизарниот автогол на Мартим Фернандес може да го погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

