Левандовски очајно се нуди на европски гигант: „Земете ме мене!“

Роберт Левандовски ова лето по истекот на договорот завршува со Барселона.

Со оглед на огромната плата, Каталонците наводно се подготвени да се разделат од одличниот напаѓач, а тој ги пакува куферите и се сели на ново место. Се повеќе се зборува за преселба во Италија, каде што го сакаат гиганти како Милан и Јувентус.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, новиот клуб на Лева би можел да биде Милан, на кој му се нуди и самиот.

Овој 37-годишник сè уште има намера да игра, а како и Лука Модриќ, планира да ја продолжи кариерата во Милан, каде што ќе се бори за трофеи.

Оваа сезона постигна 12 лигашки голови за Барселона и вкупно 17 на 39 натпревари. Иако неговата возраст е фактор, можноста да се доведе докажан голгетер без трошоци за трансфер го прави исклучително интересен на пазарот.

За клуб кој сака да го потпише Левандовски бесплатно, платата може да биде проблем, која е превисока, но во Милано се обидуваат да најдат начин да ја „покријат“.

Левандовски не успеа да го освои Светското првенство со Полска, па затоа ќе остане фокусиран на клупските настапи.

Пред Барселона, тој играше за Лех, Борусија Дортмунд и Баерн, во кои доминираше со години.

Се вчитува...