Алисон во завршни преговори: Се сели во Серија А

Беше објавено дека Ливерпул се согласил да го задржи голманот Алисон, но тој би можел да ја промени средината во текот на летото.

Како што објави „Газета дело Спорт“, бразилскиот голман дал зелено светло за трансфер во Јувентус.

Наводно, клубот од Торино и претставниците на Алисон веќе воделе преговори, кои се движат во позитивна насока и се чини дека би можела да се случи соработка.

Управата на „Старата дама“ планира да го замени сегашниот голман Микеле Ди Грегорио со Алисон, убедена дека Бразилецот ќе биде клучен фактор во борбата за шампионската титула следната сезона.

Алисон бранеше на 34 натпревари за Ливерпул оваа сезона, прими 36 гола, а успеа да ја зачува мрежата без гол во 13 натпревари.

Се вчитува...