Официјално потврдено: Македонија на 29 мај против БиХ во Сараево!

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпрвар против Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево, потврди официјална Фудбалската федерација на Македонија.

„Дуелот ќе се одигра во Сараево, на стадионот “Асим Ферхатовиќ Хасе”. Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден“ – го потврдија од ФФМ тоа што се навестуваше изминативе денови.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина обезбеди пласман на Светското првенство 2026, што му дава дополнителна тежина и квалитет на овој контролен натпревар во рамки на официјалниот ФИФА термин.

Босанците, пак, претходно информираа дека билетите за тој натпревар сигурно ќе бидат распродадени и дуелот ќе се игра пред 30.000 навивачи.

Македонија, за време на мајско-јунскиот собир, ќе одигра уште еден пријателски натпревар, најверојатно против Турција во Истанбул, за што се чека само официјална потврда.

Се вчитува...