Фудбалскиот клуб од Соединетите Американски Држави, Синсинати почна да се распрашува за евентуалното доаѓање на Нејмар во нивните редови. Членот на МЛС лигата воспостави првичен контакт со Сантос и со агентите на Нејмар за да види под какви услови славниот Бразилец ќе дојде во Охајо.
Договорот на Нејмар со тимот од Сао Паоло истекува во декември 2026 година, а се очекува тој да донесе одлука по Светското првенство во јуни и јули оваа година.
Моменталниот фокус на поранешниот ас на Барселона и ПСЖ е да се обиде да избори место во националниот тим за Светското првенство. Тој го носеше дресот на Бразил за последен пат во октомври 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

