Бразилскиот плејмејкер Јаго дос Сантос дефинитивно повеќе не е играч на Црвена Звезда, а клубот од Мал Калемегдан потврди дека овој пат, за разлика од претходното краткотрајно збогување, станува збор за раскинување на договорот.
Ова е втор пат челниците на белградскиот тим од Евролигата да се збогуваат со Јаго. Иако минатото лето на кошаркарската јавност и беше соопштено дека главниот тренер Јанис Сферопулос не смета на 27-годишникот, договорот не беше раскинат.
„КК Црвена Звезда Меридијанбет и нашиот поранешен плејмејкер Јаго Дос Сантос меѓусебно го раскинаа договорот во петокот. Клубот сака да ја искористи оваа можност да му посака на нашиот Јаго многу среќа, здравје и успех во понатамошните предизвици што го очекуваат во неговата кариера. Јаго, ти благодарам и ти посакувам среќа!“, се вели во соопштението на црвено-белите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

