Енцо Фернандес му се извини на Челси

Ѕвездата на Челси, Енцо Фернандес, и неговиот агент му се извинија на клубот по изјавите дадени од играчот од средниот ред за време на репрезентативните обврски во Аргентина, објавија британските медиуми.

Фернандес во интервју во Аргентина изјави дека би сакал да живее во Мадрид, оставајќи ја отворена можноста за трансфер во Реал Мадрид ова лето.

И покрај ова, лондонскиот клуб вели дека немало разговори за негова продажба, потсетувајќи дека Аргентинецот има важечки договор до 2032 година, објавува Скај Спорт.

Поради контроверзните изјави, тренерот на Челси, Лиам Розениор, одлучи да го остави Фернандес надвор од тимот за два натпревари, против Порт Вејл (7-0) и претстојниот дуел против Манчестер сити.

Се вчитува...