Последно збогум за Мирчеа Луческу во Букурешт

Романија денеска со највисоки почести и во длабока тага се збогуваше со својот најголем фудбалски стратег, Мирчеа Луческу. Градот кој некогаш ечеше од неговите победи, денеска замолкна додека илјадници граѓани му оддаваа последна почит на човекот кој стана симбол на фудбалската еволуција.

Погребната поворка на популарниот „Ил Луче“ тргна од црквата „Света Елефтерија“ кон вечното почивалиште на гробиштата Белу. Ковчегот, кој претходно беше изложен на Националната арена за да можат навивачите да се простат од својот идол, во текот на целата церемонија беше симболично обвиен со романското знаме.

Луческу заминува во историјата како еден од најтрофејните тренери на сите времиња, стоејќи рамо до рамо со легендите како Алекс Фергусон и Пеп Гвардиола. Неговото заминување означува крај на една златна ера за романскиот и светскиот фудбал.

Се вчитува...