Полскиот фудбал во шок: Ненадејно почина асистентот на репрезентацијата

Полска е во шок откако помошникот селектор на репрезентацијата Јацек Магиера почина на 49 години откако колабирал за време на рекреативно трчање.

Магиера, еден од најпознатите полски тренери, беше итно префрлен во воена болница во југозападниот град Вроцлав, каде што лекарите се бореа да му го спасат животот. 

Полската фудбалска асоцијација (ПЗПН) соопшти дека ја примила веста „со длабока тага и големо жалење“. 

„На семејството, пријателите и најблиските на Јацек Магиера им се упатуваат најискрени сочувства од Полската федерација“, соопшти федерацијата. 

Организаторите на полската лига соопштија дека пред сите натпревари во тековното коло на Екстракласа ќе се оддаде едноминутно молчење во негова чест. 

Магиера во минатото ги водеше екипите на Сласк, селектор на малдите селекции, Легија Варшава и Мотор Лублин.

Се вчитува...