Пуштени во продажба билетите за завршницата на Купот на Македонија

Спортската сала „Парк“ во Струмица викендов ќе биде центарот на македонскиот ракомет. Ракометната федерација на Македонија веќе ја започна продажбата на билетите за завршницата од националниот Куп преку продажната мрежа на „МкТикетс“.

Љубителите на овој спорт ќе можат да уживаат во вкупно шест возбудливи натпревари во машка и женска конкуренција. Струмичката публика ќе има ретка можност на дело да ги види најдобрите домашни екипи кои ќе се борат за престижниот трофеј во пеколна атмосфера.

 

Се вчитува...