Германскиот репрезентативец Нико Шлотербек, го продолжи договорот со Борусија Дортмунд до 2031 година, и покрај интересот од неколку европски гиганти.
Реал Мадрид, Баерн Минхен и уште некои клубови беа заинтересирани да го донесат Германецот, но наводно не добивал гаранции дека ќе игра стандардно, па затоа се одлучи да остане во Дортмунд и во следните пет години.
„Воодушевен сум што го продолжив мојот договор со Борусија Дортмунд. Намерно не брзав со одлуката бидејќи е важна за мене. Водевме добри дискусии во текот на целиот процес, но тоа не беше процес што беше завршен за само една или две недели. Клупските службеници ми презентираа добар план, а јас знам што имам во овој клуб. Мојата цел е да освојувам титули заедно со Борусија Дортмунд.“, рече Шлотербек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

