По вчерашната победа над репрезентацијата на Бугарија, футсал селекцијат на Македонија го запиша и вториот триумф на квалификацискиот турнир во Вилнус за пласман на Светското првенство, овојпат против Турција со 3-6.
Нашите репрезентативци одлично го отворија натпреварот и поведоа со 0-1 уште во 2. минута со голот на Исмаили. На 0-2 во 9. зголеми Киревски, а три минуити подоцна со автоголот на Угурлу веќе беше и 0-3. Агир во 18. минута намали на 1-3, а до крајот на првиот дел беше 1-4 со погодокот на Благојевски во 20. минута.
Турците на стартот на вториот дел за само 30 секунди во периодот од 25 до 26 минута намали на 3-4. Сепак, нашите избраници преку Рамадан и Киревски на крајот ги поставија конечните 3-6. Во последното коло Македонија ќе игра против домаќинот Литванија која вчера во првото коло ремизираше против Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

