Екипата на Париз оствари убедлива победа над Монако од 4-1 во 29. коло од францускиот шампионат. Ова беше тежок удар за Монако во битката за пласман во Лигата на шампионите идната сезона.
Иконе уште во 4. минута донесе предност за домашниот тим, а во осмата Имобиле зголеми на 2-0.
Иконе во 21. минута се погрижи за трет гол на Париз во мрежата на Монако. Гостите намалија пред полувремето преку Балогун.
Но, во вториот дел Колеошо ги постави конечните 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

