Кошаркарите на Црвена Звезда го победија Асвел во Вилербан со резултат 106:93 во претпоследното 37-мо коло од Евролигата.
Белградскиот тим мораше да победи во овој натпревар и тоа го направи во „свој стил“, кинејќи ги нервите на своите навивачи. Овој триумф исто така значи дека црвено-белите официјално се квалификуваа за плеј-офот.
Првиот дел го доби Црвена Звезда, но во третиот период одиграа лошо, па му дозволија на францускиот тим да се доближи. Меѓутоа избраниците на Саша Обрадовиќ имаа одличен „кам-бек“ во последниот период, кој го добија со 32-22, за на крајот да слават победа.
Батлер и Нвора беа најефикасни кај победничкиот тим со по 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

