ОГРОМЕН СКАНДАЛ ВО ИТАЛИЈА: Тројца фудбалери обвинети за групно силување!

Голем скандал го тресе италијанскиот фудбал – тројца фудбалери се појавија пред судот под обвинение за групно силување.

Сè започна со пријавата на 20-годишната студентка од Торино, која тврди дека по прославата на фудбалскиот клуб Бра за пласман во повисок ранг на натпреварување, се сретнала со еден од играчите, а потоа отишла во станот каде што тој живеел со своите соиграчи.

Според истрагата, таа го одбила предлогот за групен секс, но, како што е наведено во обвинението, била принудена да изврши неколку сексуални дејствија.

Случајот е дополнително комплициран со фактот дека фотографии и видеа од таа вечер биле споделени во заедничка група на на тимот на социјалните мрежи, што довело до обвинение за одмаздничка порнографија против еден од играчите.

По инцидентот, девојката се обратила до Центарот за помош на жртви на насилство во болницата Сант’Ана во Торино, а потоа поднела и официјална пријава. Фауст Персеу (24), Алесио Роса (23) и Христос Исус Мавете (21), кои потоа го смениле клубот, се под обвинение.

Еден од обвинетите се соочува со дополнително обвинение за ширење експлицитна содржина. Според најновите информации, неговиот сегашен клуб планира да го суспендира до крајот на сезоната.

Случајот предизвика огромно внимание од јавноста и повторно отвори прашања за однесувањето на професионалните спортисти надвор од теренот.

Се вчитува...