Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбело, директно ги обвини судиите за неуспехот на „кралевите“ да дојдат до победата синоќа на дуелот со Џирона.
Тој коментираше за особено контроверзната ситуација на крајот од натпреварот кога Витор Реис го закачи Килијан Мбапе во главата, што според Арбелоа е очигледен пенал.
„Ова се суди пенал дури и на Месечината. Уште еден по ред, уште една недела по ред неправда. Она што е тука е“, рече Арбелоа по натпреварот.
Тој се осврна на фактот дека ВАР-собата не го повика судијата на теренот да ја погледне снимката.
Mbappe elbowed in the face!!! NO penalty 🤯🤯
Real madrid robbed in Daylight tbh. pic.twitter.com/SAIsQLDz2B https://t.co/0a6kqwzkU2
— TopCee (@UtdTopCee) April 10, 2026
„Не разбирам една таква одлука. Веројатно ни другите не разбираат. ВАР веројатно интервенира кога мисли дека е соодветно, а кога не сака, тогаш не сака. Веќе го знаете моето мислење. Овие инциденти само го потврдуваат она што го кажав претходно. Сè ми е јасно. Му досудија прекршок на Килијан за многу помал удар од тоа што беше за пенал“ – вели Арбелоа кој е огорчен, генерално, од судњето во Ла Лига.
„Се соочивме со бројни спорни судиски одлуки. Овој судија, потоа онаа минатата недела во Мајорка. Секогаш истата приказна“.
Тренерот на Реал е свесен дека победата вечерва едноставно мораше да дојде.
„Знаеме дека не го покажавме најдоброто од себе. Ова беше натпревар што мораше да го добиеме. Почетната постава беше доволно силна за да победиме. Моравме да постигнеме повеќе голови.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

