ВИДЕО: Ефектен гол на Гео Стојановски – Играч на мечот во супер-важната победа на Спартак Варна!

Младиот македонски офанзивец Георг Стојановски продолжува со одличната форма оваа пролет во дресот на бугарскиот суперлигаш Спартак Варна.

Стојановски е најзаслужен за повеќе од значајната победа за Спартак од 1-0 против директниот конкурент за опстанок Добруџа во 29. коло од шампионатот на Бугарија.

Гео, кој го одигра целиот натпревар за домашниот тим, постигна ефектен гол во 34. минута кој донесе важни три бода за составот кој е предводен од македонскиот стратег и поранешен македонски селектор, Ѓоко Хаџиевски.

  • Голот на Георг Стојановски може да го погледнете на временскиот исечок – 1:57…

21-годишниот Стојановски, по натпреварот беше прогласен и за играч на натпреварот!

Ова е петти гол за македонскиот фудбалер сезонава, а интересно и покрај тоа што е класичен напаѓач, во есенскиот дел заврши и во Топ 10 асистенти во бугарскиот шампионат.

Се вчитува...