Реал Мадрид доживеа уште еден кикс со ремито (1-1) на домашен терен против Џирона, со кое во голема мера се загубени шансите за битка за шампионската титула во Ла Лига со Барселона, кој по денешниот меч со Еспањол би можела да има дури девет бода предност.
Реал Мадрид, пак, следниот натпревар го чека во среда против Баерн во Минхен во Лигата на шампионите.
Но, уште пред тоа, шпанските медиуми пренесуваат дека првиот човек на клубот, Флорентино Перез веќе му соопштил на Алваро Арбелоа дека дефинитивно нема да остане тренер на Реал Мадрид следната сезона.
Дидие Дешамп е едно од имињата на листата, но сега има нов главен фаворит да ја преземе клупата на овој клуб.
Станува збор за Јулијан Нагелсман, кого Флорентино Перез лично го сака во Реал Мадрид од следното лето.
Дали ќе успеат да го доведат, останува да се види, но јасно е дека неговото доаѓање би било огромно за Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

