Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски, кој од изминатото лето е член на Сараево, каде што пристигна по четири успешни сезони во Динамо Загреб освојувајќи пет титули во лигата и четири куп-трофеи со „модрите“, во интервју за „Вјести“, се потсети и на својот трансфер во Динамо од португалскиот Спортинг Лисабон.
Ристовски раскажа како тогашниот прв човек на Динамо, Здравко Мамиќ за само 24 часа го решил трансферот и го убедил да дојде во Загреб.
„Господинот Здравко го договори тоа. Бев во Спортинг, некои работи малку се искомплицираа и морав да си одам, да барам решенија. Но, сепак имав уште две години од договорот. Јас, со мојот менаџер, се согласивме дека треба да си одам, да побараме трансфер, а не позајмица, но никој нема да плати“ – вели Ристовски и дополнува:
„Никој, никако. Останав уште шест месеци во Спортинг, но само тренирам и играм за репрезентацијата. Па, зимскиот преоден рок доаѓа, остануваат уште три дена. Му дадов збор на АЕК од Грција дека ќе дојдам на позајмица, а како Мамиќ дознал, не знам. И ми се јавува и ми вика: ‘Дали би сакал да дојдеш кај нас?’. И реков, секако. Тој вели, првиот авион фаќај и доаѓај веднаш… Јас велам, па шефе, му дадов збор на АЕК. Абе, каков АЕК, знаеш што сме ние за АЕК… Човекот го реши трансферот за 24 часа.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

