Францускиот кошаркар Жофри Ловерњ се договорил за враќање во Партизан.
Како што пренесува „Спортисимо“, Ловерњ и Партизан постигнале договор, па искусниот центар ќе носи црно-бел дрес следната сезона, со опција за продолжување на соработката за уште една година.
Французинот играше за Партизан од 2012 до 2014 година и дел од мандатот го помина како капитен, а потоа кариерата ја продолжи во Химки.
Потоа играше во НБА, прво во Денвер, потоа во Оклахома, Чикаго, Сан Антонио, па повторно се врати во Европа, каде што 34-годишниот Лаверњ играше за Фенербахче, Жалгирис и Асвел.
Синоќа тој беше во белградската Арена, на натпреварот против Жалгирис, каде што беше одржано величествено збогување за починатиот Душко Вујошевиќ, кој го донесе во Партизан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

