Решена дилемата околу Левандовски: Барселона соопшти што со напаѓачот!

Роберт Левандовски има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, па на почетокот на годината имаше информации дека нема да има продолжување на соработката, па дури и најава дека во тој случај искусниот напаѓач ќе се пензионира.

Сепак, работите се променија во последните неколку недели и како што стојат работите, ќе го видиме Левандовски на големата сцена и следната сезона.

„Мундо Депортиво“ пишува дека челниците на Барселона конечно одлучиле да го задржи Полјакот и утрово официјално му е понуден нов договор од една сезона.

Левандовски се надевал дека ќе остане во Барселона бидејќи целосно се навикнал на тој град со своето семејство и дури не крие дека сака да остане таму кога ќе се пензионира.

Барселона му понудила на Левандовски нов договор и клубот е сигурен дека тој ќе се согласи и дека наскоро ќе биде официјално дека искусниот полски напаѓач ќе остане во Барса и во следната сезона.

Левандовски постигна 17 гола и додаде три асистенции во 39 натпревари во дресот на Барселона досега оваа сезона. Вкупно, има 118 гола и регистрираше 23 асистенции за Барселона во 186 натпревари.

Се вчитува...