„Металците“ се мачеа, но на крај триумфално против Кожув

Македонскиот шампион МЗТ Скопје дојде до победа од 84-75 на стартот од плеј-оф разигрувањето за титулата во Првата македонска кошаркарска лига.

„Металците“ се мачеа на дуелот, влегоа во последната четвртина и со еден поен помалку од гевгеличани, но сепак со подобро одигра последна четвртина која ја добија со 25-15, на крајот дојдоа до заслужена победа од девет поени разлика.

Најдобар во победничкиот тим беше Дамјан Стојановски со „дабл-дабл“ ефект од 21 поен и 10 скока, а го следеше Танасковиќ со 21 поени и седум скока.

Кај Кожув се издвои Бовен со 24 поени и 15 скока, дополнети и со две асистенции.

Се вчитува...