Вардар со предност на полувремето против Работнички, без голови во Кратово (ВИДЕО)

Вардар има предност од 1-0 против Работнички на полувремето од првиот натпревар од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот кој се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје, „црвено-црните“ до предност дојдоа со евро-голот на Србинот Цветковиќ во 24. минута од средбата.

Цветковиќ извонредно погоди директно од слободен удар со мајсторски шут од околу 22 метри…

На вториот денешен натпревар од 27. коло, во Кратово, Силекс и Башкими играат без голови по првото полувреме.

Се вчитува...