ВТОРА ЛИГА: Охрид и Шкендија Арачиново само до реми на Истокот, гостинска победа за Скопје

Продолжува неизвесната битка за водечките позиции на табелата во Втората македонска фудбалска лига, по денешните резултати од 24. коло.

Охрид и Шкендија Арачиново не успеаја да дојдат до посакуваните победи на гостувањата на Истокот, ремизирајќи со идентични 1-1 против Саса во Македонска каменица, односно против Осогово во Кочани.

Скопје славеше со 0-1 на гостувањето против Новаци, а Брегалница убедливо со 6-1 го победи Големо Коњари на домашен терен.

РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО
Победа – Беласица 0-5
Тетекс – Преспа 2-0
Брегалница – Големо Коњари 6-1
Новаци – Скопје 0-1
Кожуф – Слога Виница 5-2
Саса – Охрид 1-1
Вардар Неготино – Детонит 0-3
Осогово – Шкендија Арачиново 1-1

Се вчитува...