Столе не успеа да ја одбрани Валенсија на гостувањето против Елче (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше добра партија на голот на Валенсија, но не успеа да го одбрани до крај својот тим на гостувањето против Елче во Ла Лига.

Елче славеше минимално со 1-0, благодарене на голот во 73. минута од средбата.

Валенсија се обидуваше до крајот да дојде барем до бод, имаше можности но не успеа да ги искористи.

Со овој пораз тимот на Столе Димитриевски остана на 35 бода на 14. место на табелата во Ла Лига. Од друга страна, сега Елче има 32 бода и скокна на 16. место на табелата.

Се вчитува...