Иако минатото лето беше платен дури 60 милиони евра, младиот аргентински фудбалер Франко Мастантуоно сега веќе подготвен да го напушти Реал Мадрид.
Франко Мастантуоно одлучи да дојде во Реал Мадрид и покрај бројните понуди од голем број европски клубови минатото лето. 18-годишникот чувствуваше дека има што да покаже во дресот на кралскиот клуб, но не се справува баш најдобро со притисокот.
Младиот Аргентинец не е прв избор меѓу „кралевите“. Тоа е фрустрирачки за него и веќе е подготвен да замине во текот на летото. Тој сака да оди таму каде што ќе игра.
„Неговата вредност се намалува и тоа е загрижувачко за Реал Мадрид, кој му плати 60 милиони евра. Исто така, може да остане без покана за Светското првенство. Тој не сака тоа да се случи во иднина и е подготвен да оди на позајмица ова лето“, велат шпанските медиуми потенцирајќи дека младиот фудбалер веќе е со став „Немам што повеќе да барам тука“.
Под водство на Чаби Алонсо, младиот Аргентинец играше многу повеќе отколку под водство на Алваро Арбелоа. Тој се појави само во 11 натпревари и има 452 минути под водство на Арбелоа.
Тоа го фрустрира. Тој мисли дека заслужува повеќе, но е свесен дека игра во тим каде што честопати нема да биде прв избор покрај многу поголеми ѕвезди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

